Тестото е ретко, не мора да месите со рака, слободно со лажица измркајте го или ставете да го работите со миксер.

CIMG8018-2a0a36-800x600

– Растворете го квасецот во половина од количината на водата.
– Во брашното додадете шеќерот и солта, истурете го веќе растворениот квасец, почнете да бркате додавајки ја останатата количина на вода. Оставете да стаса.
– Кога еднаш веќе стасало, лесно повторно разбркајте го, оставете повторно да стаса.
– Откако повторно стасало, бидејки тестото е ретко, истурете го на доволно побрашнета површина (повеќе ставете брашно) со шпатула еднаш само измешајте го, поделете го на 7-8 парчиња, побрашнете ги одозгора и веќе со рака можете да оформите топчиња. Секое топче ставете го на посебно исечена хартија за печење. Нека се малку одстојат повторно. Бргу стасуваат, оформете ги лепињите налегајки ги со прстите и растгнувајки ги, со линијар направете им ја саканата шара налегнувајке одозгора по површината, ќе стојат вака додека рерната се загрее.
– Откако сте ги оформиле, вклучете ја рерната на 280 степени, во исто време ставете го и плехот во кој ќе печете да се загрева. Откако се загреала рерната почнете да печете по 5-6 минути. Не е потребно подолго време и не треба да ја имаат бојата која секогаш ја очекуваме на печеното тесто.
– Печени вадете, нека оладат. Доколку ви останат, слободно замрзнете ги.
Напомена
Ова тесто е многу меко – ретко тесто. Мора да имате трпение за него при оформувањето, јас веке лесно се справувам со ваков тип на теста.
– Бидејки е кратко времето на печење, ги печев по две.
– Доколку вие сакате – посипете ги со сусам – било бел било црн – Чурекот./Моирецепти.

Слични содржини