Студените денови веќе доаѓаат, а со нив и појавата на многу вируси. Во овој период од годината е многу полесно да се разболите, имајќи предвид дека поминувате подолго време со луѓе во затворени простори.91a7d387596dffe82d09b2ce906db392

Добрата имунолошка заштита ќе ви помогне да го избегнете грипот или пак да се справите полесно со него, ако сепак се разболите.

Во случај да веќе сте “жртва” на лошото време, ќе ви споменеме неколку “бабини” рецепти кои навистина лекуваат.

Ако пак сте здрави – повторно прочитатје, бидејќи никој од нас не е “ осигуран“ против грипот:

Супата навистина помага

Особено ако е домашно приготвена.Топлата течност ќе ви помогне да го хидрирате телото, а зеленчукот во неа ќе го наполни организмот со корисни и хранливи материи. Да не заборавиме и на фактот дека кога човек е болен, тој не чувствува толку голем глад. Затоа супата е многу соодветно јадење токму за овој период.

Медот ја ублажува непријатноста во грлото и / или кашлицата

Медот може да биде многу ефикасен за намалување на фреквенцијата и интензитетот на кашлицата. Промешајте неколку лажици мед во чај или вода со сок од лимон. Не смеете сепак да се потпирате само на лековитата акција на медот – понекогаш бактериските инфекции во грлото можат да се борат само со лекови препишани од специјалист.

Гаргара со солена вода или сода бикарбона

Растворете лажичка сол или сода бикарбона во голема чаша топла вода. Промешајте и потоа со течноста направете си гаргара за да ја намалите непријатноста во грлото.

Чајот од нане го смирува желудникот

Нането може да ги смири мускулите во стомачниот тракт и на тој начин да се намали нервозата на желудникот. За жал, чајот од нане може да предизвика и киселини, па бидете внимателни со него и не претерувајте со количината.

Слични содржини