Референдумот во Дојран успешен

од Vladimir Zorba

Според првичните неофицијални информации референдумот против рудници во Дојран е успешен.

До 19 часот гласале 1.400 жители на Дојран, со што е исполнет законскиот цензус, референдумот да биде успешен.

Ова е информација на граѓанската иницијатива „Стоп за рудници во југоистокот“.

Референдумот за или против рудници во Дојран е трет во југоистокот. Во април месец, прво Гевгелија гласаше против отварање рудници. И жителите на Богданци кажаа не за отварање рудници и бараа и стопирање на изградбата на рудникот „Казандол“ за кој валандовчани ќе се изјаснуваат на 20 август

Слични содржини