Референдумот за независност: Кавга меѓу Каталонија и Шпанија за пари

од desk3

“Дали сакате Каталонија да стане независна држава во облик на република?”, е прашањето  на кои Каталонците денеска даваат одговор. Од Мадрид веќе најавија дека резултатите нема да бидат признаени било какви да се, додека во Барселона се веат знамињата “Каталонија нова европска држава”.

Атмосферата пред денешниот референдум, благо речено е на работ на судир. Каталонците подготвија милиони гласачки ливчиња, а потоа шпанската полиција ги одзеде. Остри зборови од двете страни, 17.000 каталонски полицајци од една страна и 4.000 нивни колеги од Мадрид од друга страна и тоа се со цел гласањето да го спречат. Уапсени се градоначалнции, направени се рации, додека на улиците излегуваат трактористи, студенти и приврзаниците на независнсота… Сите носат жолто-црвени-сини застави и викаат “Каталонија републка”. И Мадрид има своја парола “Референдумот е нелегален”. И едните и другите тврдат дека имаат силни аргументи. 

За да се разбере поради што Каталонците силно сакаат да се одвојат од Мадрид, потребно е да се вратите во минатото.

Каталонскиот сепаратизам не е новост. Пред формирањето на заедничка држава, Каталонија постоела 250 години за кое време го развила својот јазик, култура и идентитет. Борбата за незавсиност трае прктично од првото губење на автономијата во 1714 година па се до фашистичкиот диктатор Франциско Франко во средината на минатиот век и светската економска криза во 2008 година која го раздвижи поголемиот бран на каталонскиот национализам. За оние кои се подготвени да заокружат “да” референдумот е прашање на опстанок на Каталонија и Каталонцител.

Зошто сега?
Може да се каже дека референдумската кавга е околу парите, одосно уверувањето на Каталонците дека Мадрид им зема повеќе отколу што дава. Побогатата Каталонија веќе долго време плаќа најголеми даноци во Шпанија, па платежните Каталонци почнаа да бараат повеќе овластувања и контрола над трошењето на нивните пари. Референдумот е поттикнат од фактот што од 2015 година на власт е партија која се залага за независност, иако поддршката за таа опција опаѓа. Сепак владата уверува дека дошло вистинското време и дека Каталонија е доволно силна да опстане сама. Многу со тоа и не се сложуваат, но она што е јасно – и Шпанија и Каталонија ќе ја почувствуваат празнината во џебовите.

 

Слични содржини