Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2014 година, на територијата на Македонија се регистрирани 1.075 бесправно изградени објекти.

skopje-panorami-8

Според видот на објектот, бесправно се изградени 196 објекти за домување (18,2 проценти), 176 доградби, надградби и адаптации (16,4 проценти), 74 деловни објекти (6,9 проценти), 80 гаражи (7,4 проценти), 145 огради (13,5 проценти), 12 скалила (1,1 процент), 45 тераси (4,2 проценти), 8 летни тераси (0,7 отсто), 102 настрешници (9,5 проценти), 101 привремен објект (9,4 проценти) и 136 помошни објекти (12,7 проценти).

Најголем број бесправно изградени објекти (97,5 проценти) се приватна сопственост.

Мета

Слични содржини