Рејтингот на британската премиерка е рекордно намален

од Vladimir Zorba

 

Рејтингот на британскиот премиер Тереза ​​Меј достигна рекордно ниско ниво во последната година, покажуваат податоците од истражувањето на социолошката агенција Ipsos MORI, објавен од  “Ивнинг стандард”.

Според истражувањето, само 34 отсто од Британците ја одобруваат работата на премиерката, а 59 проценти не се задоволни од неа.

Рејтингот на Меј е на најниско ниво откако таа ја презеде премиерската функција пред една година.

Анкетата покажува и дека од работата на целата Влада се разочарани 64 отсто од испитаниците, а само 28 проценти имаат позитивно мислење.

Слични содржини