Рекорден број на слободни работни места во Германија

од desk2

Бројот на слободни работни места во Германија пораснал на над еден милион во последните три месеци од минатата година, покажува истражувањето на германскиот Институт за истражување на вработувањето (ИАБ).

Како што пренесува дописникот на МИА, од Берлин вкупниот број на слободни работни места од октомври до декември скокнал за 80 илјади што е рекордно ниво на побарување на пазарот на работна сила во најсилната европска економија.

„Тоа е рекорд. Никогаш не сме виделе поголем број на слободни работни места претходно“, изјави за германските медиуми истражувачот Александат Кубис, според кого, повеќе од половината работни места се во услужните дејности. Најмногу работници се бараат во здравствениот сектор и во фирмите кои што нудат грижа за постари лица а голема побарувачка има и за техничк и научен персонал.

Дел од мерките за намалување на побарувачка за работна сила во Германија федералните и покраинските агенции за вработување организираат специјални тренинг работилници за луѓе од членки на ЕУ како Унгарија, Романија, Бугарија, Грција и Шпанија каде што има огромно ниво на невработеност меѓу младите. Мерките вклучуваат и зголемување на платите поголемо од нивото на инфлација, бесплатни оброци, флексибилни работни услови и работно време како и тренинзи за постари лици.

Слични содржини