Рекордни горештини ги мачат Европа, САД и Азија

од desk3

Досега невидени  горештини на  територијата на Европа, САД  и Азија, соопштија светските медиуми.  Во Португалија повторно се разгоре најголемиот пожар кој избувна пред  неколу дена по сувата бура. Жртвите на огнот се зголемија до 64 лица, откако пожарникар почина од повредите во болница. Температурите во централна Португалија се зголемија до 43 степени и огнот повторно се разгоре. Армијата им помага на пожарникарите да го изгаснат пожарот. Се потпираат и на стотици доброволци.

Екстремно високи температури се измерени на речиси целата територија на Франција, а во 51 од вкупно 96 департмани е воведена “портокалова” фаза. Топлиот воздух доаѓа од  Африка преку Шпанија. Вчера во градот Бордо, на југозападниот брег на Франција, е измерена температура 36 степени. Во Париз се очекува температурите исто така да се зголемат.

Невообичаено високите температури ги мачат американските држави Колорадо, Јута, Аризона и Ново Мексико, што ги принуди дури авиокомпаниите да укинуваат десетици летови од аеродромот во Феникс. Националниот метеослужба на САД предупреди дека во Долината на смртта во источна Калифорнија и градот Нидјас до границата со Аризона температурите може да достигнат до 53 степени оваа недела и тамошните жители беа советувани да не излегуваат без потреба надвор после 10 часот наутро. Најопасни  се денешните жештини, кога се очекуваат уште откажувања и опасност од преоптоварување на електричната мрежа поради зголемена потрошувачка од климатските инсталации.
Во Јапонија речиси 700 лица побарале лекарска помош  со симптоми на тешки топлотни удари поради невообичаено топлото време во земјата, двајца од нив починале. Тоа е речиси 100 лица повеќе во споредба со почетокот на месецот. Независно од настапувањето на дождовната сезона, во голем дел од Јапонија времето е жешко, бидејќи температурите во многу места надминуваат 30 степени Целзиусови.

Слични содржини