Рекс Тиларсон со Си Џинпин: Претседателот на САД очекува “наскоро” да се сретнат

од desk2

Во рамките на средбата со Си Џинпин, која траеше само околу 30 минути, државниот секретар на САД Рекс Тиларсон го уверил кинескиот претседател дека Доналд Трамп очекува “наскоро” да одржи разговори со него.

Ова го соопшти пред новинарите Прес секретарот на Стејт департментот Марк Тонер, пренесува Reuters.

Тонер истакна дека Си Џинпин и Рекс Тиларсон постигнале согласност за поголема соработка меѓу двете земји, и покрај преостанатите разлики меѓу Пекинг и Вашингтон.

Со оваа средба заврши првото патување низ Азија на новиот државен секретар на САД, потсетува агенцијата.

Слични содржини