Ремонт на системот во земјава, итни реформи во секоја област

од Vladimir Zorba

Што содржи Патоказот за Итни реформи на Владата на РМ. Неговата содржина го открива ТВ21,.

Во него се предвидуваат реформи во сите области, вклучувајќи ги реформите во  областа на правдата, во полицијата, во медиумите, ДИК и јавна администрација.

Од Владата се бара поголема транспарентност и соработка со невладиниот сектор, додека Собранието ќе има обврска да ги опфати со реформите сите политички актери.

Во областа на владеење на правото, најмногу внимание ќе се посвети во првото тримесечје. Во оваа област се бара спроведување на препораките на Венецијанската комисија.

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

-Да се спроведат препораките на Венецијанската комисија за дисциплинска одговорност, разрешување и оценка на судиите

-Да се укине законот за проценка на факти и дисциплинска одговорност на судиите

-Да се провери системот за оценка на судиите согласно препораките на Венецијанската комисија

-Да се провери системот за менаџирање на предметите

-Реформи во системот за бесплатна правна помош

-Правна одговорност за прислушуваните материјали

-Да се провери законот за Заштита на независноста на база на препораките на Венецијанската комисија

Патоказот за итни реформи предвидува ефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал

БОРБА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈАТА

-Да се започне со реформи во секторот за борба против корупција во МВР

-Да се подобри капацитетот на вештачењето за спроведување на финансиска истрага и конфискување на имот

-Целосна реформа во финансиската полиција

-Да се провери правната рамка и техника за следење на комуникациите

-Да се создаде надворешен механизам, независен, за надзор на работата на полицијата

-Итно да се упатат барањата и препораките на комитетот за спречување на тортура

Од политичките партии се бара да бидат активни учесници во спроведувањето на сите реформи. Од Собранието се бара и проценка на одговорноста за настаните од 24 декември, кога пратениците од опозицијата беа со сила отстранети од собранието, како и за насилствата кои се случија на 27 април. Патоказот препорачува обезбедувањето на Собранието да биде доделено од страна на МВР, и да биде под целосна контрола на собранието.

СОБРАНИЕ НА РМ

-Активно учество на сите парламентарни партии. Претходни консултации и заедничка проценка пред да се усвои законот

-Да се обезбеди веродостоен надзор на работата на Владата

-Да се утврди одговорност за прислушувањата

-Да се засили капацитетот за следење и заштита на човековите права

-Да се спроведат препораките на анкетната комисија за настаните од 24 декември и 27 април

-Да се додели обезбедување на собранието од МВР, и да биде под директна контрола на собранието.

-Да се спроведе Пржинскиот договор

-Да се реактивира Клубот на Пратенички

На праг на локалните избори, се бараат реформи во Државната изборна комисија.

ДИК

-Да се упатат препораките од ОБСЕ/ОДИХР и на Венецијанската комисија, истовремено се прават големи измени во изборната легислатива пред одржување на локалните избори

-Услови за веродостојни локални избори

-Да се спречи политичкото влијание во ДИК

-Да се продолжи соработката со експерти од Венецијанска комисија и да се спроведат тие препораки за кои има простор да се спроведат

Од МНР се бара што побрзо да се пополнат празите места во Дипломатијата. Од Владата се бара да ја подобри соработката и со граѓанскиот сектор.

ГРАЃАНСКИ СЕКТОР

-Формирање на совет за соработка меѓу Владата и Граѓанските организации

-Да се отвори дијалог меѓу невладиниот сектор и владата, да се консултираат во процесот на формирање на политики и закони

-Да се спречи секаква негативна реторика и било каков политички притисок

-Да се обезбеди целосна транспарентност за финансирањето на невладиниот сектор од државата

Од владата и државните институции се бара веднаш да одговорат на барањата за јавни информации и да обезбедат поголема транспарентност.

Слични содржини