Рената Салецл: Светот го очекуваат нови болести, нови миграции и нови популизми

од Vladimir Zorba

Со предавањето и разговорот со Рената Салецл, филозоф, социолог и правен теоретичар, една од најзначајните словенечки интелектуалци денес, заврши првото издание на КРИК – фестивал за критичка култура.

– Среќна сум што Ви се обраќам во време кога вашата земја директно се соочува со многу комплицирани избори, но нема да говорам за таа тиранија на изборот со која ќе ја имате идната недела, туку воопшто за општествта во кои денес живееме и кои се обидуваат да се соочат со своите избори. Се уште живееме во време во кое константно сме бомбардирани со идејата за избор, со идејата дека секоја индивидуа посебно, е способна да направи рационален избор, што ќе донесе некој посакуван резултат.

renata-salecl-i-katerina-kolozova

Веќе сигурно знаете за изборот на изразот на годината според тимот на Оксфорд речникот: пост- вистина. Нивното објаснување е дека два настани оваа година, референдумот во Велика Британија за членстовот во ЕУ и претседателските избори во САД ни покажаа дека при изборот фактите се помалку важни од емоциите на гласачите, а со тие емоции си играат популистичките дискурси, рече Салецл.

Според неа, со сите можности што ни ги нуди интерент, луѓето живеат во свет што постојано се ограничува, каде што вашиот поглед личи на еднонасочен тунел, без размена, па така изненадени сме од сосема спротивните мислења во општеството кои се случуваат паралелно. Во време кога најголем број дневни информации, луѓето денес, особено младите, ги добиваат преку фејсбук, кој стана најзначен канал за информации, интересно е да видиме каков е тој нов тип на незнаење. Новите медиуми наместо канали за размена на мислења се претворија во канали за спречување да се случат социјалните промени. Социјалните мрежи често ги трансформираат социјалните проблеми во слогани кои лесно ги мобилизираат луѓето во нивните блиски системи за информирање, односно до нив допираат мислењата само на оние со кои и онака веќе се согласуваат.

– Главниот проблем на нашето општество денес, не е само тоа што луѓето имаат многу малку контакт со спротивните политички ставови, поради усторјството на социјалните медиуми, туку и што се’ помалку се интересираат за фактите. За време на претседателските избори во САД, новинарите потрошијаа голем број часови да откријат факти за изјавите на Доналд Трамп. Еден новинар од “Торонто стар“ секоја вечер наоѓаше по пет невистинити работи кој Трамп ги кажал, што би било околу 500 лаги за време на целата кампања. Но оваа верификација на фактите воопшто не беше важна. Тоа не го смени мислењето на поддржувачите на Трамп. Проверката на фактите не ги интересираше луѓето.

Во јавната, општествената сфера константно сме соочени со одрекување, негација и разни облици на самозалажување.Вообичаено, политичарите се мајстори на самозалажувањето. На пример, поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш постојано ја одрекуваше опасноста од климатските промени, да не ја заборавиме неговата реченица дека „воопшто не е јасно дали постои такво нешто како глобално затоплување“. Орвел веќе не’ предупреди дека политичарите ќе ги повторуваат работите во кои сакаат да поверуваме. Тој направи и список на тие зборови со кои политичарите сакаат да не’ излажат, треба да сме особено претпазливи кога ги кажуваат зборовите: демократија, слобода, патриотизам, реално и правда. Во време на предизборна кампања сигурно често ги слушате овие зборови, рече Салецл на вчерашното предавање во Даут Пашин амам.
.
Но и луѓето во секојдневниот живот се самозалажуваат, сакаат да живеат во илузијата на само позитивни сознанија. Тие се плашат да ги притискаат своите политичари да направат промена, бидејќи се плашат дека таа промена влијае негативно врз нивниот комодитет. Луѓето се подготвени да погледнат на другата страна, на пример кога се работи за еколошките проблеми, затоа што се плашат дека нивното решавање би влијалело врз економскиот просперитет на нивните земји. Па живеат како поделени личности, од една страна тврдат дека ја сакаат природата, но истовремени не прават ништо против загадувањето на таа природа. Стравот е коренот на тоа негирање и тој страв се користи во разните стратегии на капитализмот. Во основата на одрекувањето е стравот од промени.

-. Во постиндустрискиот капитализам луѓето се повеќе опседнати со тоа да се променат себе си, а не општеството. Се’ повеќе е јасно дека таа свртеност кон себе, не’оневозмоува да размислуваме за општествени промени. Идеологијата на постиндустрискиот капитализам која се заснова врз идејата за прогрес и избор, не’ спречува да бидеме критични кон општеството. Оваа идеологија развива различни видови стратегии на затворање на очите, одрекување и понекогаш луѓето избираат работи што се протв нивните инереси. Се сеќавам кога гледав една дебата за здравственото осигурување на Обама, луѓе кои немаа пари да платат никаво осигурување за залагаа за правото на избор, иако тоа значеше дека ќе останат без здравствено осигурување. Таа идеализирана теза за можноста за избор го потпомага затворањето очи пред фактот дека некои политички одлуки што ги носиме се неверојатно штетни за самите нас. Во ова време на пораст на незнаењето, луѓето се’ повеќе страдаат од анксиозност и расте нивната потреба да се идентификуваат со некој што не е анксиозен. Авторитарните лидери често пати се прикажуваат како луѓе што се сигурни и немаат ансиозности, ниту чувство на вина. Тоа е причината што луѓето бараат авторитарни лидери за да се идентификуваат со нив. Симптомите на оваа идеологија водат кон појава на нови видови фашизам , иако оптмистите сметаат дека сето ова отвора можности за нови општестени промени. Не сум голем оптимст и можам да предвидам нови болести, нови миграции и нови популизми, рече Салецл.

По предавањето, се одржа разговор со Салцл, кој го водеше Катерина Колозова.

Во рамките на првото издание на КРИК фестивалот, годинава се одржа филмски фестивал за човекови права, две меѓународни изложби, една меѓународна конференција, промоции, работилници, перформанси и презентации, учествуваа 55 уметници, писатели, теоретичари и културни работници од Хрватска, Бугарија, Србија, Германија, Турција и Македонија.

Слични содржини