За Македонија идентитетот, за Грција сложено име за ерга омнес употреба – Скопје и Атина го финишираат преговарачкиот процес. Во денешната телефонска комуникација двајцата премиери ги „пеглале“ последните детали од пакетот по што се чини дека е чист патот да се објави договор во најскоро време.

Официјално, детали не се откриваат, но како што неофицијално дознава „360 Степени“ договорот се темели на сложеното име Република Северна Македонија кое ќе биде за севкупна употреба и ќе биде преведливо на сите јазици, на пример на англиски Republic of North Macedonia.

Можеби конечно денеска ! Оптимизам за решение и од Скопје и Атина

 

Слични содржини