Републиканците имаат срцева болест, а демократите отворена рана на главата

од desk3

 

Вашингтон Пост – Вашингтон

Додека предизвиците за Републиканската партија – нивните стари демографски проблеми, закоравеното раководство, горчливата битка за нивната идеолошка душа – се засенети од победата, проблемите во Демократската партија се целосно изложени. Републиканците страдаат од срцева болест. Демократите имаат гадна, отворена рана на главата.

Поразената партија ќе биде во заблуда ако го минимизира обемот на политичкиот неуспех. Хилари Клинтон се докажа неспосбна да победи водител на телевизиско реалити шоу кого 50 проценти од Американците го сметаат дека е несоодветен да биде претседател.

download

Тоа е можеби најсрамниот момент во долгата историја на партијата на Џеферсон. Но, ефектот е многу пожесток. Демократскиот кандидат и нејзиниот тим не можеа да ги заштитат САД од сериозниот ризик по идеалите и институците од неиспробан и нестабилен новак, кој флертува со авторитаризмот и прави повеќе гафови во еден просечен вторник за да упропасти нормална претседателска кампања.

Доналд Трамп јаваше на умерен изборен бран во некои делови од земјата, но не беше доволно голем да ја засени логично способната демократка кандидат со пристојна политичка стратегија. Гласот за Трамп не го пукнаа балонот; тие едвај се надвиснаа над индустријализираниот среден запад. „Синиот ѕид“ беше прензиок и тоа за повеќе од половина метар.

Но, како изборите станаа резултат на лошата стратегија во Висконсин, Мичиген и Пенсилванија или на крајната некомпетентност на директорот на ФБИ? Трамп очигледно профитираше од екстремната поларизација. Предлогот „кој било освен Хилари“ беше тестиран, па републиканците (и други) на крајот го избраа „кој било“. Коалицијата на Обама – меѓу кои и младите, малцинствата и високообразуваните избирачи – не излегоа во доволен број. А реакцијата на расниот и етничкиот отпор вознемирувачки тлее во нашата политика – дополнително го повтрдува главниот првичен грев на Америка.

Но, постои и поголем, долгорочен предизвик за демократите: тие станаа регионална партија. Главно е сконцентрирана во урбаните области и се потпира на двата брега. Но нашиот уставен систем фокусот го задржува на географијата, посебно во Претставничкиот дом и Изборниот колеџ.

Тешко е за демократите да избегаат од изолираните острови во длабокото синило. Во 2012, претседателот Обама победи на изборите во нешто над 700 окрузи од 3,000 колку што вкупно има во САД – што е најниско во историјата. Клинтон доби под 500 или 15 проценти од сите.

Ова е друг начин да се каже дека демократскиот кандидат за претседател нема да успее – барем за сега – кога ќе добие помалку од 30 проценти од гласовите од белите, невисокообразуваните Американци кои живеат на подрачјата меѓу градовите. Повеќето од тие гласачи не ја истражуваа јавната политика и ги калкулираа своите интереси – освен во залудното чувство дека тие не сакаат да ги извезуваат американските работни места и не сакаат никој да се меша во нивната социјална безбедност. Тие беа убедени дека Трамп го оставиле зад нив. Демократите станаа симболично оттуѓени од белата, работничка Америка.

Кои се опциите за демократите да одат напред? Прво, тука е опцијата Берни Сандерс – прифаќањето на левичарскиот популизам по цена на демократскиот социјализам. Ова исто може да се нарече и опција Џереми Корбин, по левичарскиот лидер од британската Лабуристичка партија, кој идеолошки ја прочисти неговата партија правејќи ја политичи небитна.

Второ, постои опцијата Џо Бајден – либерализам, кој создава одржлив спој со членовите на синдикатите и другите нискоквалификувани работници, додека истовремено прикажува католичка религиозна чувствителност на прашања за социјалната правда.

Трето, постои и опција да се намали важноста на откажаните опции на Барак Обама, за која е потребен кандидат кој ќе возбуди наместо да ја улежи изборната база од ерата на Обама.

Демократите не треба да ја заборавата лекцијата од директните избори. Опција број три е иднината на демократите на претседателско ниво. Клинтон беше во право кога примени благо изменета верзија на коалицијата на Обама (помалку афроамерикански гласачи, но поголема поддршка од Латиносите и високообразуваните жени). Таа едноставно не можеше да ги повлече.

Но, во догледна иднина на демократите исто ќе им треба параграф број два, вклучувајќи посмирен приод кон религијата и правата за здружување. На овие избори, евангелистите христијани и белите католици почувствуваа силно непријателство кон нивните институции од либерализмот од правните школи.

Всушност, постои сериозна шанса демократите да ја изберат опцијата број еден. Во нашата политика ќе има многу одгласи. Но, најглавно, САД ќе останат на принципот да имаат партии од левиот и од десниот центар. Двете радикализирани институции треба да ги надминат нашите национални разлики и да станат политички еквивалент на екстремно левите и екстремно десните медиуми. А каузата за национално единство ќе биде засекогаш нарушено.

Слични содржини