Решена мистеријата за крвавите водопади на Антарктикот

од Vladimir Zorba

Поминаа 106 години откако австралискиот геолог Грифит Тејлор откри крваво црвени водопади од глечер, именуван по него, како се влева во леденото езеро Вест Лејк Бони. Скорешна студија го откри изворот на оваа црвена боја поради кои се наречени Крвавите водопади.

Претходно се веруваше дека ја предизвикуваат црвени алги, но во 2003 година научниците се посомневаа дека црвената боја потекнува од оксидиран челик и вода што се одлева од солено езеро старо пет милиони години.

Новата студија од Универзитетот на Алјаска и Колорадо Колеџот потврди дека не само што постои подводно езеро, туку има и свој воден систем стар милион години, пишува Business Insider.

Слични содржини