Решението за името да не биде „средство за иредентизам“

од Vladimir Zorba

Ние преговараме за назив којшто ќе направи јасна дистинкција помеѓу историската грчка Македонија и државата чиј главен град е Скопје

 

Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи, Јоргос Катругалос изјави дека „можното решение за името на грчкиот сосед не смее да биде средство за иредентизам“.

– Ние преговараме за назив којшто ќе направи јасна дистинкција помеѓу историската грчка Македонија и државата чиј главен град е Скопје и нема да служи како средство за територијални амбиции против нашата држава, средство за иредентизам, изјави Катругалос.

Говорејќи за тековната дебата на оваа тема, Катругалос рече дека постои оптимизам „првпат по долго време“, но и оти „нема загарантирано решение“.

Повторно на почеток-Не постои решение за името на Македонија, црвените линии не враќаат назад

– Следниот чекор за решавање на проблемот е состанокот помеѓу преговарачите со медијаторот на ОН Метју Нимиц следната среда, рече Катругалос.

Инаку, Локално.мк потсетува дека она што е суштински и последица на целиот деценсики процес е дека поради спорот за името, Атина го блокира стремежот на Скопје за членство во НАТО и ЕУ  и ги блокира евроаинтегративните процеси на Македонија од осамостојувањето  па наваму. Временската рамка во ова најнова рунда преговори е до самитот на НАТО во Јули оваа година. Имињата кои се во оптек се Нова Македонија, Северна или Горна како географска одредница, а најнова замка е опсегот за употреба ,ерга омнес и за внатрешна употреба.  Тоа што  е мобилизација и будење на целиот процес е  намерата на американската администрација согласно новиот геополитички момент  со Русија на Балканот, Р Македонија да ја зачлени во НАТО и под привременото име БЈРМ,  до колку Атина и Скопје на најдат решение за надминување на разликите околу името Македонија.

Слични содржини