[РЕЦЕПТ] Банана мафини со чоколадни парчиња

од Vladimir Zorba

Состојки:
3 банани
1/2 чаша млеко
1 чаша овесни снегулки
1 чаша брашно
3 јајца
лажичка екстракт од ванила
1/2 лажичка цимет
1 чаша јогурт
2 лажици мед, може и повеќе
чоколадни парченца
Подготовка:
Во блендер ставете ги излупените банани, млекото, ванила, овесните снегулки, брашното, јајцата, циметот, јогуртот, медот. Сомелете го сето до совршена мазност.
Во калапи за мафини подредете хартија садот и во нив ставете од добиеното тесто, без да полните до крај, бидејќи ќе нараснаат и не смеат да прелеат од садот. Посипете го секој мафин со чоколадни парчиња и печете во загреана рерна на 180 степени околу 20-25 минути.

Слични содржини