[РЕЦЕПТ] Брз пица сендвич

од Vladimir Zorba

Состојки:
За правење на 1 пица сендвич
3 парчиња леб по ваш избор
50 г салама
6 тенки парчиња кашкавал
сос маринада
масло
Подготовка:
Загрејте ја добро тавата, со тоа што ќе ставите во неа 2-3 капки маслиново масло или многу мало парче путер. Земете го првото парче и намачкајте го со масло. Ставете го во тавата со намачканата страна надолу. Додека лебот се запекува наредете на него колбас, намачкајте со сосот и ставете кашкавал.

Потоа ставете го второто парче и пак од филот за пица. Ставете ја и третата кришка, но неа исто како првата ќе треба да ја намачкате само горната страна со масло, за да може кога ќе го свртите потоа, пицата да се запече добро и од другата страна. Послужете со сос по ваш избор.

Слични содржини