[РЕЦЕПТ] Брзи и лесни лепиња

од Vladimir Zorba

Состојки:
1 чаша јогурт
1 чаша самонараснувачко брашно
Подготовка:
Во сад ставете го јогуртот и додадете го кон него брашното. Измешајте добро, додека не се добие хомогено тесто. Посипете на шпоретот или масата малку брашно и поделете го добиеното тесто на 4 делови.

Со помош на сукало раширете ја секоја една од нив и испечете ги добиените тенки кори во тефлонска тава. Служатги лепињата намачкани со лук и масло или други додатоци по ваш избор.

Слични содржини