[РЕЦЕПТ] Чорба од печурки со лук

од Vladimir Zorba

Состојки:
1 кг печурки
5-6 лажици масло
2 лажици брашно
1 чаша течен готварски крем
2 страка рузмарин
2 штипки сол
2 штипки црн пипер
2 страка копар
2 чешниња лук
Подготовка:
Измијте ги и исечете на големо печурките. Загрејте го путерот во длабок сад на послаб шпорет, за да не загори. Во него запржете ги печурките мешајќи постојано. Внимателно додадете брашно и мешајте за да не останат грутки меѓу печурките.
Исечете го на ситно и истолчете го лукот. Наситнете ги и свежите зачини. Додадете крем на ниска струја во тава, а потоа и зачините заедно со лукот. Не престанувајте да мешате додека чорбата закрори. Потоа намалете ја ринглата на слаб степен и динстајте под капак за уште неколку минути.

Слични содржини