[РЕЦЕПТ] Динстани печурки со ориз

од Vladimir Zorba

Состојки:
1 кг печурки
1 и ½ чаша ориз
½ чаша масло
2 штипки бел пипер
1 штипка на сол
2 глави кромид
1 штипка пиперка
сокот од 1 лимон
Подготовка:
Исечете ги печурките на кришки, кромидот на полумесечина. Наполнете тенџере со солена вода и сварете ги печурките. Исцедете ја водата, но  зачувајте ја за потоа. Во тенџерето истурете ги маслото и пржете го кромидот во него. Потоа додадете печурки и ориз. Пржете ги за 2-3 минути, а потоа прелијте ги со водата од печурките. Зачинете со зачини и намалете ја плочата, откако јадењето ќе зоврие. Откако водата ќе изврие, зачинете со сок од лимон и сервирајте.

Слични содржини