Почетна / IN/OUT / [РЕЦЕПТ] Хумус со таан по рецепт на Џејми Оливер

[РЕЦЕПТ] Хумус со таан по рецепт на Џејми Оливер

Состојки:
400 грама наут од конзерва
1 мало лукче
1 лажица сусам таан
сокот на 1/2 или 1 лимон
сол по вкус
неколку капки маслиново масло или путер
Подготовка:
Прецедете го наутот од сокот и ставете го во кујнскиот блендер. Измешајте го добро, потоа додадете лук, сол, сок од лимон, таан и масло. Кога ќе се добие хомогена смеса може да ја префрлите во сад.
Ако е потребно, додадете неколку капки сок од лимон или вода. Послужете со крцкав леб и свеж зеленчук.