[РЕЦЕПТ] Ќофтиња со спанаќ и сирење

од Vladimir Zorba

Состојки:
200 г свеж спанаќ
1 тиквички
1 голем морков
2 средни компири
3 јајца
100 г сирење
100 г брашно
1 страк нане
црн пипер
ким
Подготовка:
Спанаќот се мие и сече на ленти. Излупете ги и на ситно изрендајте ги тиквичките, морковите и компирите. Потоа оставете ги да се исцедат за околу еден час. Во сад измешајте ги јајцата и додадете кон нив кршено сирење.

Додајте ги кон нив зачините и сецканото нане. Кон смесата со јајца додадете го и зеленчукот и брашното. Измешајте добро и од добиената смеса обликувајте ќофтиња.

Ставете ги во тава врз хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени. Потребно е околу 30 минути, додека добијат златна кора.

Слични содржини