[РЕЦЕПТ] Крем салата со пилешко

од Vladimir Zorba

Состојки:
½ пилешко
250 г мајонез
2 варени јајца
5 големи кисели краставички
½ лимон
50 г варен грашок
сол
црн пипер
Подготовка:
Сварете  пилешко. Исечете го месото на коцки. Сварете јајца. Краставичките исечете ги исто на коцки. Прецедете го грашокот од водата (можете да користите конзервиран грашок или да си го сварите сами). Измешајте ги сите производи во соодветен сад за салата. Промешајте со мајонезот. Прелијте со исцеден лимонов сок. Зачинете со зачини по вкус.

Слични содржини