[РЕЦЕПТ] Лесна лазања со спанаќ

од Vladimir Zorba

Состојки:
1 лажица маслиново масло
300 г замрзнат (или свеж) сецкан спанаќ
½ главица кромид, исечкана
½ лажичка оригано
½ лажичка босилек
2 чешниња лук
1 тегла сос за шпагети по избор
1 и ½ чаши вода
2 чаши урда
200 г моцарела, рендана
½ чаша рендан пармезан
½ чаша сецкан свеж магдонос
1 лажичка сол
1/8 лажичка црн пипер
1 јајце
1 пакетче кори за лазања
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180-200 степени. Во голема тава на средна температура запржете спанаќ, кромид, оригано, босилек и лукот во маслиновото масло.
Прелијте ги внатре сосот за шпагети и водата. Оставете околу 20 минути. Во голем сад измешајте урда, моцарела, пармезан, магдоносот, солта, црниот пипер и јајцето.
Истурете мало количество сос на дното на тавата за лазања. Наредете 4 сурови листови тесто за лазањи. Прелијте дел од сосот одозгора. Додаде уште 4 слоја кори. Покријте со поголема количина од сосот заедно со половина смеса со сирењата. Се шират сите кори како алтернација со сосот и смесата со сирењето.
Гледајте на крај да ви остане сос за врвот. Покријте со алуминиумска фолија и печете во загреана рерна околу еден час. Отстранете ја фолијата и печете уште 15 минути, за да се добие коричка.

Слични содржини