[РЕЦЕПТ] Лимонов чизкејк со лиснато тесто

од Vladimir Zorba

Состојки:
1 пакетче лиснато тесто (или две кори)
2 лимони, цели
500 г крем сирење (може и рикота)
1 чаша шеќер
3-4 лажици масло
Подготовка:
Намачкајте сад за печење со масло. Постелете ја по дното едната кора лиснато тесто. Напрскајте ја со уште малку масло одозгора. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180-200 степени.

Врз тестото изрендајте ја кората на двата лимони. Од неа издвојте 1-2 лажички за попрскување на крајот.
Измешајте го крем-сирењето со половина чаша шеќер и исцедете сок од лимон. Добро измешајте со миксер до добивање на кремаста хомогена смеса. Намачкајте лиснато тесто со добиениот крем. На врвот постелете со другата кора од тесто.

Намачкајте обилно со претходно стопен путер. Посипете со остатокот кора од лимон и шеќер. Печете околу 30-40 минути во загреана рерна. Почекајте да се олади пред да исече и сервира.

Слични содржини