[РЕЦЕПТ] Лосос со коричка од пармезан и бадеми

од Vladimir Zorba

Состојки:
4 парчиња филе од лосос
1/3 чаша мелени сурови бадеми
1/3 чаша рендан пармезан
1 лажиче сув босилок
1 лажиче лук во прав
сол, бибер по вкус
масло
2-3 жолчки
Подготовка:
Во сад измешајте ги сите суви состојки многу добро. Изматете ги жолчките. Потопете ја рибата во нив, по што ќе ги извалкате многу добро парчињата во зачините и бадемите.

Запржете во многу добро загреана тава со малку масло. Откако ќе се добие златна кора, сервирајте со гарнир по ваш избор.

Слични содржини