[РЕЦЕПТ] Манџа со телешко, печурки и ориз

од Vladimir Zorba

Состојки:
1 кг телешко месо за готвење
500 г свежи печурки
1 чаша ориз
2 глави кромид
сол, црн пипер
ловоров лист
1 домат или 1 лажица доматно пире
4 лукчиња
1-2 лути пиперки
50 мл масло
Подготовка:
Исечете го на мали парчиња месото и испржете го во масло. Додадете исечен кромид и печурки, како и малку црн пипер и ловоров лист. Откако зеленчукот ќе се запржи, дотурете вода колку да се покрие месото и се зготви на тивок оган.
Кога месото е речиси готово, додадете ги пиперките, лукот и оризот и дотурете уште вода. Откако оризот е подготвен, ставете сецкани домати, сол и гответе уште 10 минути.

Слични содржини