[РЕЦЕПТ] Мексикански пржен ориз

од Vladimir Zorba

Состојки:
3 лажици масло / маслиново масло
1 чаша долгозрнест ориз
1 лажичка лук во гранули
½ лажичка ким
¼ чаша сецкан кромид
½ чаша доматен сос
2 чаши пилешки бујон
Подготовка:
Загрејте масло во голем тиган на среден оган и додајте го во неа оризот. Гответе мешајќи постојано, додека оризот почне да се надувува и покафенува. Додека оризот се пржи додадете сол и ким.
Додајте го кромидот во тавата, претходно исечен на ситно. Пржете додека омекнете. Прелијте го доматниот сос во тавата. Промешајте. Потоа истурете и супа. Повторно промешајте и оставете да зоврие.
Откако ќе зоврие намалете ја температурата и оставете да покркори околу 25 минути. Пробајте со вилушка дали оризот е подготвен. Подготвен е кога целата течност се апсорбира и оризот се згуснува.

Слични содржини