[РЕЦЕПТ] Паста со печурки

од Vladimir Zorba

Состојки:
1 пакетче паста по ваш избор
6 лажици масло
1 кромид
10 чешниња истолчен лук
500 г свежи печурки шампињони
1 лажичка сушен босилек
неколку страка магдонос
пармезан за попрскување
300 мл течна готварски крем
сол и бибер по вкус
Подготовка:
Во добро загреана тава загрејте го маслото. Ставете исечени кромид и лук. Кога ќе подомекнат може да додадете исечени печурки и босилек. Кога печурките ќе се запржат може да додадете павлака, сол, црн пипер и ако е потребно уште масло или маслиново масло.

Исцедете ја добро сварената паста и ставете ја во печурки сос. Измешајте добро, посипете со магдонос и пармезан и сервирајте.

Слични содржини