[РЕЦЕПТ] Паста со сланина и спанаќ

од Vladimir Zorba

Состојки:
1 лажица маслиново масло
350 г сланина
4 чешниња истолчен лук
350 г бејби спанаќ
сол, бибер по вкус
350 г кратка паста
700-800 мл млеко
150 г рендан пармезан
Подготовка:
Загрејте го добро маслото. Ставете во него ситно исецкана сланина. Откако ќе добие малку златна нијанса може да додадете истолчениот лук, спанаќ, сол и црн пипер. Кога спанаќот ќе подомекне, додадете ги свежото млеко и пастата.

Кога смесата ќе зоврие, мерете 10 минути. Конечно додадете рендан пармезан, промешајте и сервирајте.

Слични содржини