[РЕЦЕПТ] Печена јаболкова палачинка

од Vladimir Zorba

Состојки:
1 чаша брашно
2 јаболка
2 штипки цимет
½ чаша шеќер
1 течна ванила
½ лажичка кокосово масло
1 мала коцка путер
1 нотка сол
1 чаша млеко
4-5 јајца
Подготовка:
Користете тркалезна тава за печење, која прво ќе ја ставите на ринглата. Во неа стопете путер и кокосовото масло со малку од шеќерот. Однапред исечете ги јаболката на полумесечина. Ставете ги во маста и испржете ги мешајќи. Откако ќе се карамелизираат извадете ги од шпоретот за малку.
Во тоа време измешајте ги јајцата, брашното, млекото, циметот, ванила, солта и останатиот шеќер. Промешајте со миксер.
Вратете ги јаболката на ринглата. Истурете ги со смесата внимавајќи јаболката да се рамномерно наредени во тавата. Печете во загреана на 180 степени печка за околу 20-30 минути или додека не позлатат.
Посипете со шеќер во прав и сервирајте палачинки, полејте со мед или јаворов сируп.

Слични содржини