[РЕЦЕПТ] Пиде со 3 вида сирење

од Vladimir Zorba

Состојки:
1/2 пакување сирење рикота
150 г сирење фета
150 г моцарела
масло
1-2 јајца
Подготовка:
Премесете го неколку пати тестото. Потоа врз набрашнена површина раширете го со прстите и оформете како брод. По желба може да направите неколку мали лепчиња, наместо едно големо. Ставете го во тава врз хартија за печење.

Најнапред во внатрешноста намачкајте ја рикотата, потоа посипете со мелено сирење фета и конечно рендана моцарела. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 12-15 минути. Пред да го испечете лепчето може да го посипете со зачини по ваш избор.

Извадете го садот од рерна и во средината на лепче потчукнете едно јајце. Краевите намачкајте ги со малку масло и повторно запечете до подготвеност на јајцето.

Слични содржини