[РЕЦЕПТ] Пилешка супа со кромид и ориз

од Vladimir Zorba

Состојки:
400 г пилешко филе
2 литри растворен пилешки бујон
3 глави кромид
100 г путер
3 лажици ориз
½ врска магдонос
1 лажичка мајчина душица
црн пипер и сол
Подготовка:
Исечете го пилешкото филе на крупни парчиња. Намачкајте го со солта, црниот и црвениот пипер, за да се зачинат. Потоа испржете го во загреаномасло од сите страни мешајќи постојано.

Кон него додадете и кромид и продолжете да мешате. Истурете ги пилешкото и кромидот со растворената супа.

Во меѓувреме, додека врие, исечете го магдоносот и иситнете исушена мајчина душица. Додадете ги кон супата. Оставете да се вари околу 20-30 минути, а потоа додадете го и оризот. Супата е подготвена кога пилешкото месо ќе започне лесно да се распаѓа под притисок со вилушка.

Слични содржини