[РЕЦЕПТ] Пилешки копани со млади компири и маслинки

од Vladimir Zorba

Состојки:
500 г млади компири
140 г зелени маслинки
2 големи пилешки копани
7 лукчиња, нелупени
1 лимон
3 лажици маслиново масло
4-5 ловоров лист
црн пипер
крупна хималајска сол
Подготовка:
Во погоден сад за печење ставете маслиново масло и додадете ги измиените компири, маслинките, сецканиот лимон, лукот и ловоров лист. Зачинете со црн пипер и сол и измешајте добро, за да може да се зачини компирот.
Ставете ги пилешките копани и печете во загреана рерна на 200 степени до подготвеност. Од време на време може да го полеете месото со сосот, кој се одвоил во тавата.

Слични содржини