[РЕЦЕПТ] Пилешко ал пармиџана

од Vladimir Zorba

Состојки:
1 јајце, скршено
100 г лебни трошки
1 кг пилешки гради
1 тегла доматен сос за шпагети
300 г рендана моцарела
¼ чаша рендан пармезан
Подготовка:
Прелијте матено јајце во плитка чинија. Ставете ги трошките во друг сличен сад. Потопете го пилето во јајцето, а потоа во торшките. Ставете го врз послана во тава хартија за печење.

Печете во загреана рерна за 40 минути на околу 180 степени со вклучен вентилатор.

Прелијте го сосот за шпагети на пилето, посипете обилно со моцарела и пармезан и печете до добивање на малку кафеав тен или околу 20 минути.

Забелешка : Можете да сервирате врз паста.

Слични содржини