[РЕЦЕПТ] Пилешко со ароматичен сос

од Vladimir Zorba

Состојки:
500 г пилешки гради без кожа
1 чаша брашно / 1 чаша пченкарно брашно
2-3 јајца
масло за пржење или путер
За сосот:
1 чаша скара сос
1 чаша мармалад од портокал
2 лажици соја сос

6c8d7245cb4d4f89094dba57638fe1c8Подготовка:
Во тава ставете ги сите состојки за сосот и ставете ја на оган. Потребни се околу 7-8 минути да се пропржи, за да се поврзат сите состојки и да се добие хомогена смеса. Исечете го месото на коцки. Најнапред фрлете ги во матен јајца, а потоа ги извалкајте во брашното.
Во добро загреана тава со стопен путер испржете го месото. Кога е подготвено може да го префрлите во сосот и повторно да го вратите тавата на топлина за 2-3 минути. Послужете со гарнир по ваш избор.

Слични содржини