[РЕЦЕПТ] Полнети домати со ориз, туна и мајонез

од Vladimir Zorba

Состојки:
10 домати
500 г туна од конзерва
¼ чаша ориз
100 г мајонез
1 лажичка рендана кора од лимон
сол
црн пипер
2 лажици магдонос, свеж
Подготовка:
Сварете го оризот во солена вода. Исцедете ја водата и оставете го оризот настрана. Исечете ги капаците на доматите и изрежете ги. Издлабете го јадрото.
Во посебна чаша измешајте го јадрото на доматите, рибата тон (исто исцедете ја од сопствениот сос), оризот, мајонезот, лимоновата кора, зачините. Добро промешајте го филот. Наполнете ги доматите со него и покријте со капаците. Послужете како мезе ладно.

Слични содржини