[РЕЦЕПТ] Полнети јајца со сланина и пилешко

од Vladimir Zorba

Состојки:
8 јајца
1/2 чаша сецкани домати
сол, бибер по вкус
150 г печено или варено пилешко месо
100 г сланина
3-4 лажици мајонез
1-2 лажици Дижон сенф
1/4 авокадо
сино сирење
Подготовка:
Сварете ги јајцата и оладете ги. Откако ќе се излупени, треба да ги пресечете по должина на две. Внимателно отстранете ги жолчките и ставете ги во сад. Додајте кон нив сечено ситно пилешко месо, сецкана сланина, која по желба може да ја пржите малку во тава без масло, зачини, мајонезот, сенфот, доматите и авокадото.

Сето се промешува многу добро. Со помош на лажичка наполнете ја секоја половинка. За финале ставете по едно мало парченце сино сирење и сланина.

Слични содржини