[РЕЦЕПТ] Полнети компири со сланина и чедар

од Vladimir Zorba

Состојки:
3 големи компири
2-3 страка зелен кромид
150 г рендано сирење чедар
200 г сланина
сол, бибер по вкус
1 лажичка масло
1/4 чаша млеко
Подготовка:
Измијте го добро компирот без да ги лупите. Потоа ишарајте ги на неколку места со вилушка. Ставете ги во тава за печење, веќе поминете го секој компир малку маслиново масло и посолете. Потоа намачкајте го од сите страни компирот со маста.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 1 час (може и помалку зависи од рерната). Потоа пресечете го компирот малку должина и внимателно врежете дел од внатрешноста.
Ставете ја во сад и додадете го кон неа сирењето, кромидот, претходно испечена на тава сланина (треба да е сецкана на мали парчиња), маслото и млекото. Зачинете со сол и црн пипер и наполнете го компирот со добиената смеса. За финале посипете со сирење. Печете уште околу 25 минути на 180 степени.

Слични содржини