[РЕЦЕПТ] Рижоти со печурки, пармезан и вино

од Vladimir Zorba

Состојки:
300 г ориз
100 мл бело вино
300 г свежи печурки
1 страк праз
маслиново масло
парче маслец
1 л зеленчукова супа
80 г пармезан
сол, црн пипер
Подготовка:
Однапред подгответе супа. Потоа во тенџере загрејте го маслиновото масло и ставете исечени печурки заедно со малку сол и црн пипер. Откако ќе подомекнат одвојте ги печурките во чинија и во истата тава во која се ги подготвувале ставете маслото.
Запржете го во стопен путер изечениот праз и додадете ориз. По минута-две ставате го виното. Откако алкохолот малку ќе испари, додадете 120 мл од супа, со постојано мешање на оризот.
Така продолжете да додавате по малку супа, додека оризот не е  подготвен. Отстранете го тенџерето од топлина и додадете ги печурките, рендан пармезан и промешајте.

Слични содржини