[РЕЦЕПТ] Рижото со печурки и сланина

од Vladimir Zorba

Состојки:
1 кромид
200 г сланина
400 г свежи печурки по ваш избор
1 и 1/2 кафе чаша ориз за рижото
1/2 чаша бело вино
1 л или малку повеќе пилешки бујон
50 г рендан пармезан
Подготовка:
Исечете го кромидот на ленти и запржете го заедно со сланина во малку масло. Потоа додајте и исечени печурки. Кога ќе подомекнат може да додадете ориз и вино. По неколку минути започнете да дотурате од супата со постојано мешање на ризотото.

Тоа е сад кој се подготвува со постојано мешање со постепено додавање на супа. Кога оризот е подготвен и јадењето добило кремаста текстура, може да додадете рендан пармезан и да сервирате.

Слични содржини