[РЕЦЕПТ] Салата со хељда и млади компири

од Vladimir Zorba

Состојки:
хељда – 2 со. л. варена хељда на порција
свежи компири
кисели краставички
црвен кромид
магдонос
сол, маслиново масло, сок од лимон
Подготовка:
Оваа салата од хељда и свежи компири може да помине исто за мезе и за главно јадење.

Запечете свежи компири во рерната со малку вода, сол и маслиново масло. Оставете ги да се изладат.
Сварете во ќеса хељда во малку вода за околу 10-15 минути. Оставате ја да се излади.

Во голем сад се мешаат сите производи. Зачинете. Посипете со магдонос. По желба може да посипете и со мелено ленено семе и мелен сусам.

Слични содржини