[РЕЦЕПТ] Супа со компири и пушена сланина од Гордон Ремзи

од Vladimir Zorba

Состојки:
1 голема главица кромид
250 г пушена сланина
2 ловоров лист
2-3 големи компири
1 праз
375 г пченка од конзерва
750 мл пилешка или зеленчукова супа
500 мл полномасно млеко
црн пипер и сол по вкус34e2e25df63aa5a0a012f6617051a438

Подготовка:
Во тенџере загрејте малку маслиново масло или путер и запржете го кромидот. Кон него додадете сецкана сланина и ловоров лист. Исечете ги компирите на мали парчиња, како за супа и ставете сланина и кромид.
По 2-3 минути може да додадете и сецкан праз. Кога празот ќе подомекне, ставете исцедена пченка и малку сол. Конечно дотурете вода / супа. Кога супата ќе се згусне малку може да го додадете и млекото. Супата е подготвена за сервирање кога компирот е целосно варен и конзистенцијата ѝ е густа

Слични содржини