[РЕЦЕПТ] Супа со пилешко, брокула и кромид

од Vladimir Zorba

Состојки:
300 г брокула
200 гр пилешки гради
1 морков
1 кромид
50 мл маслиново масло
3 лажици брашно
3-4 чаши пилешки бујон, растворен
1 чаша млеко
сол
црн пипер
рендан кашкавал или пармезан
Подготовка:
Исечете ги кромидот и пилешкото. Загрејте масло. Испржете го прво кромидот додека не омекне. Кон него додајте го брашното и мешајте додека брашното се раствори во масло. Истурете го со супата и млекото.

Откако ќе зоврие ставете ги и брокулите, поделени на мали розички, како и морковот, исечен на кругови.

Зачинете со зачини и промешајте. Конечно ставете исечено на ситно пилешко и варете додека се свари целосно и омекне. Малку пред да го извадите од огнот ставете и кашкавал / пармезан.

Слични содржини