[РЕЦЕПТ] Торта со ореви, суво грозје и чоколадо

од Vladimir Zorba

Состојки:
200 г шеќер во прав
250 г јогурт
4 јајца
180 г маргарин
1 лажичка сода
300 г брашно
50 г суво грозје натопено во коњак
50 г мелени ореви
1 млечно чоколадо
Подготовка:
Јајцата и шеќерот се матат добро. Кон нив се додаваат јогуртот, во кој однапред е растворен во сода бикарбона, маслото и пресеаното брашно. Се додаваат и ванила, сувото грозје, рендано или кршено на мали парчиња чоколадо и оревите.

Сèсе промешува добро. По желба може да додадете и какао. Тортата се пече на 180 степени во загреана рерна до подготвеност. Откако е подготвен може да се попрска со шеќер во прав.

Слични содржини