Reuters: Мохамед бин Салман е прогласен за престолонаследник на Саудиска Арабија

од desk3

Престолонаследникот на Саудиска Арабија принцот Мохамед бин Најеф е сменет и е заменет од вториот наследник Мохамед бин Салман. На овој начин, со кралски декрет, 31-годишниот син на кралот Салман е потврден за нов владетел на државата, пренесе Reuters.
Според декретот принцот Мохамед бин Салман станува и заменик-премиер и ја задржува функцијата министер за одбрана. Принцот Мохамед бин Најеф, кој долги години  е шеф на разузнавањето на земјата, е ослободен од сите позиции.
Мохамед бин Салман беше одговорен за водењето на војната на Саудиска Арабија во Јемен, ја диктира енергетската политика на земјата и стои зад плановите за иднината на земјата  без нафтена зависност.
Кралот Салман го повика новиот престолонаследник јавно да се  заколне на верност.

Слични содржини