Израел ги отстрани металните детектори од влезовите на џамијата Ал Акса, и ги замени со камери, надевајќи се дека ќе спречи крвопролевање, пренесува Reuters.
Меѓутоа, Палестинците повторно изразија незадоволство од антитерористичките мерки, нарекувајќи ги неприфатливи.
Палестинскиот лидер Махмуд Абас и високиот муслимански свештеник кој одговара за Ал Акса, ги отфрлија новите израелски мерки, и побараа тие да бидат отстранети.
“Сите нови израелски мерки треба да бидат отстранети за да може работите во Ерусалим да станат нормални, и да продолжиме со работата на билатералните односи”, изјави Махмуд Абас за време на состанокот на палестинското раководство.
По итна средба на израелскиот кабинет, беше одлучено да бидат укинати и заменети металните детектори со камери.
Израелските власти соопштија дека се одвоиле 100 милиони шекели (28 милиони долари) за опрема и дополнителна заштита на храмовите во следните шест месеци.
Reuters: Палестинците се незадоволни од новите мерки за безбедност на храмовите во Ерусалим
77