Четири лица се извадени  живи од остатоците на луксузниот хотел, кој во средата беше уништен од смртоносна лавина, објавија во саботата од националната служба за заштита од пожар, пренесува агенцијата Reuters.

На овој начин бројот на преживеаните расте до девет.

Двајца мажи и две жени биле извадени од урнатините на хотелот “Ригопиано” по часови на копање од страна на пожарникари, кои требало да се движат внимателно поради страв дека воздушните џебови под снегот можат да се распаднат.
Во петокот беа спасени четири деца и жена.

Портпаролот на италијанската противпожарна Лука Кери додаде дека телата на две жена исто биле откриени во текот на ноќта, како така бројот на загинатите се зголеми до четири. Околу 15 лица се уште се водат за исчезнати.