Резултатите од државната матура на 14 јули

од desk3

И денес како и вчера учениците полагаат државна матура. Вкупниот број на матуранти кои треба да го положат тестот- државна матура е 16 илјади и 426 матуранти. Според податоците на Државниот испитен центар, за македонски јазик и книжевност се пријавиле 10 632  ученици, за албански 5 120 и 418 за турски јазик. 

 

Испитот на државна матура во средните училишта продолжува и во текот на месец јуни, кога учениците ќе полагаат странски јазик по избор или математика. Првичните резултати ќе се објават најдоцна до 14 јули. По објавувањето на резултатите учениците имаат право на жалба во рок од 2 дена. Жалбата ја поднесуваат во училиштето каде што учеле, потоа училиштето ги праќа до Државниот испитен центар. Учениците кои нема да положат во овој рок, имаат можност да полагаат повторно во август.

Веќе 8 години како матурантите во Македонија полагаат државна матура. Истата во два наврати претрпе низа промени и надополнувања. Во повеќе случаи низ текот на изминатите неколку години. Учениците протестираа против одлуката на Министерството за образование и наука да се полага државна матура.

Слични содржини