Американскиот актер Ричард Гир ја доби почесната награда “Кристален глобус” на отворањето на 50-тиот Меѓународен филмски фестивал во Карлови Вари, Чешка.
Признанието се дава за извонредниот придонес во светскиот филмот.
Самиот фестивал беше отворен со филмот Time Out of Mind со учество на Гир, кој ја игра улогата на бездомник. На фестивалот ќе биде прикажан уште еден филм со учество на Ричард Гир во главната улога – лентата “Френи” на режисерот Ендрју Рензо.
Оваа година во натпреварувачката програма учествуваат 13 дела од Франција, Италија, САД, Украина, Полска, Чешка, Данска, Словачка и други земји.
Бидејќи сегашното издание на фестивалот е јубилејно, на него ќе бидат прикажани ретроспективи на светски филмаџии.
Фестивалот датира од 1946 година, а од 1956 година тој е вклучен во категоријата А и е најголемиот филмски фестивал во Централна и Источна Европа.